Archive for Мај, 2006

Го вратив стариот блог

Се изнамачивме со Ненад, ама успеавме. Малку се направи ршум по планетата, ама тоа е тоа. Sorry Дамјан :-(

Коментари

BBC пушти филм за слободен софтвер

На 10-ти мај BBC World TV пушти филм во 2 епизоди за слободниот софтвер наречен The Code Breakers. Филмот го истражува развојот на слободниот софтвер и негова примена во сиромашните земји, интервјуа со клучните личности за неговиот равој од целиот свет. Документарниот филм после 10 прикажувања на телевизија ќе биде слободен за дистрибуција по цел свет.

Филмот е спонзориран од IOSN и UNESCO.

Коментари

Kororaa XGL забранета!

Е ова ме изнервира до даска. Која глупост! Некој фанатик од таборот на Сталман им пишал на тимот на Kororaa дека не смеат да ги дистрибуираат драјверите на nVidia и ATI, демек бидејќи тие не се слободни, се вградуваат во кернелот кој е под GPL лиценца, а дериватниот резултат не се издава по GPL лиценца и затоа ја крши клаузулата 3 од GPL.

Ај сеа да ги забраниме сите комерцијални дистрибуции што ги дистрибуираат овие драјвери (Мандрива, Сусе, Редхет…)! ГЛУПОСТ!!!

И плус nvidia убаво им одговориле дека овие драјвери се состојат од 2 дела еден чисто бинарен кој е ист за Виндоус, Линукс, Соларис и shim кој е со отворен код и кој само зема информации од кернелот за бинарниот дел да работи правилно. Никаков дериватен резултат јас тука не гледам.

Comments (4)

Интервју со Линус на CNN

Вчера CNN издаде интервју со Линус Торвалдс. Кој има CNN на кабелска ќе може да го гледа денес и утре. Ја немам :-(

Коментари