Archive for Мај, 2007

Рејсер изгледа не е виновен+Reiser4 во кернелот

По се изгледа дека Ханс Реисер сепак не ја укокал жена му, а вината ќе се префрли на бившиот дечко на жена му кој признал убиство на други 8 луѓе (но не признава дека ја убил жената на Реисер). А, во меѓувреме развојот на Resier4 датотечниот систем не престанал и програмерите од Nemesis изгледа подобро се разбират со развивачите на Линукс кернелот, па во следните верзии може да очекуваме да стане дел од кернелот.

Коментари

Кои се корисниците на Линукс десктоп

OpenSuSe направија интересно истражување со опфатени повеќе од 27.000 испитаници и тоа истражување ќе се користи понатаму да се направи OpenSuSe подобра дистрибуција. Со него се добива кој е просечниот корисник на Линукс декстоп, возраст, занимање, за што го користат…. За жал сеуште нема никакво подобрување кај женската популација, само 2% :-( Симнување на резултатите тука.

Comments (2)

Ајмо таксисти, бизнисмени, продавачи…

још мало на нестало! :-)

Оглас од најсестраната гледарица што сум ја видел досега, оставен кај жена ми у радио :-)

Oglas

Коментари

Екстензии за OpenOffice.org

По теркот на Firefox и OpenOffice.org нуди можност за инсталирање на дополнителни функции преку екстензии. Така на пример можете да инсталирате работење со јазичиња (табови) или да инсталирате еден куп темплејти и клипарти од OxigenOffice Profesional и многу други кои можете да ги видите на викито на OpenOffice.org за ектензии.

Повеќе за сето ова, тука.

Коментари

Пат кон KDE4 - Kwin

Како што се ближи октомври, така се повеќе се појавуваат новите можности кои ќе ги нуди КДЕ4. Kwin (управувачот со прозорци) е во голем дел препишан и се уфрлени 3Д ефекти слично како во beryl и compiz ама за разлика од нив цело време се мислело на функционалноста на секој ефект. Така да нема да морате да ги исклучите после една недела играње и вртење коцки без да имате никаква полза од тоа (освен да ги импресионирате комшиите). Опширна статија со многу видеа во која е се објаснето за новиот Kwin.

Тука имате и бонус видеа. Гномаши гледајте и плачете ;-)

Comments (3)