Jdiskreport
Одлична Java апликација за проверка кој директориум (датотека) ви зафаќа највеќе простор на дискот, за наоѓање на датотеки или директориуми кои со години сте заборавиле дека постојат, а ви голтаат огромен простор на дискот. Јас барем најдов папки кои со години непотребно ми стоеле во /home, со 100 и повеќе мегабајти. Апликацијата кога се стартува првпат ви дава опција да го скенирате целиот диск или да отворите претходно зачувана анализа. Кога ќе заврши тоа се стартува прозорец со детална статистика во вид на пити, линијски дијаграми и табели со големина на пооделни директориуми, тип на фајлови коа зафаќаат најмногу простор, последна дата на промена (до 10 години)… Апликацијата доаѓа како zip архива, отпакувајте ја некаде (пр. /usr/share/jdiskreport), влезете во него и едноставно извршете ја командата: java -jar jdiskreport-1.2.2.jar Може и да се направи извршна скрипта да не морате секојпат да ја давате оваа команда. Само напишете: echo “java -jar /pat/do/jdiskreport-1.2.2.jar” >/usr/bin/jdiskreport . Потоа chmod a+rx /usr/bin/jdeskreport и готово. Мора да го имате инсталирано j2re пакетот (јас морав и j2sdk, без него не се стартуваше). Работи на Windows, Mac OSX и нормално Linux.

Дамјан said,
Август 13, 2005 @ 05:55
Ова го имаш вградено во КДЕ веќе неколку верзии.
vladoboss said,
Август 13, 2005 @ 14:34
Како мислиш, каде?